Заев потврди, дел од договорот со ДУИ е осуда на геноцид, Србите, партизаните и Бугарите ќе се прогласат за вршители на геноцид
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто за ХРТ потврдува дека дел од договорот за коалицирање со ДУИ, што воедно е исполнување и на тиранската платформа со која се врши редефинирање на државата, е носење на резолуција за осуда на геноцид кој наводно бил направен врз Албанците минатиот век.
– Таму има една формулација, каде што се осудуваат војски од минатиот век, кои што убивале цивилно население. Нема ништо лошо во тоа. Некои алудираат дека тоа биле српски војски, некои викаат дека биле германски, некои италијански, некои бугарски војски, за времето на фашизмот, вторите балкански војни ии слично, вели Заев во интервјуто за ХРТ.
Историски потврдени факти се дека балистичкото движење кое за време на Втората светска војна било на страната на фашистите биле во судир со партизаните, кои ја создадоа асномска Македонија, и чиј судир продолжи по нејзното создавање.
Втората власт која била во отворен судир со балистичкото движење чија цел било создавање Голема Албанија е српската власт, која била воспоставена меѓу двете светски војни. Практично, Заев признава дека прифатил да се осудат Србите и партизаните како геноциден народ.
Сето ова беше дел од претходно објавената тиранска платформа која албанските партии под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама ја создадоа во Тирана по изборите.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење