Заев попладнево ќе ја депонира оставката до Собранието
Премиерот Зоран Заев попладнево ќе ја депонирата оставката, која ја најави поради лошите резултати на локалните избори. Тој тогаш оставки најави и од премиерската и од лидерската позиција во СДСМ. Во партијата веќе се одржаа избори и на местото на Заев, дојде заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевки, кој се очекува да биде и новиот мандатар.
Оставката треба да ја констатира претседателот на Собранието, Талат Џафери, а според собраниски извори, како што објави „Слободен печат“, тој тоа ќе го стори утре пред седницата за пратенички прашања.
Портпаролот на Владата, Душко Арсовски денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање истакна дека како што беше и најавено оставката ќе биде депонирана по завршувањето на годишното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски.
Заев минатата седмица најави дека оваа недела ќе ја донесе одлуката и ќе соопшти кога точно оставката ќе биде формализирана пред Собранието. Тој тогаш изјави дека очекува негов наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски.
– Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев минатата среда за Телевизија 24.
Претседателот на државата по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.
Ново на Сител
-
Извозот од земјава во јануари-февруари изнесува 75 650 милиони денари, што е пораст од 1.6 проценти во однос на истиот период лани
-
Зголемени цените на угостителските услуги
-
САД го прекинаа емитувањето на „Радио Слободна Европа“ во Русија, Украина, централна Азија и Источна Европа
-
Димитриевски: Дијалогот во политиката е добредојден, но креатарот на проблемите не треба да биде и креатор на решенијата
-
Шевченко ја обвини УЕФА дека не сака да има Украинец во раководството на организацијата
-
Трамп разговараше со Нетанјаху за царините
-
Андон Чибишев: Минути биле пресудни за спас од отровните гасови во „Пулс“
-
Рубио: Наскоро ќе знаеме дали Русија сака мир