Заев: Пописот се одложува за септември а локалните избори за вториот дел на октомври
Во изјава по лидерската средба премиерот Зоран Заев кажа дека е постигнат договор за одложување на пописот во септември но и останатите точки за кој бил постигнат договор кон двајцата лидери.
- Во текот на пауза искористив прилика да консултирам претседателот на државата, на Собранието, претседателите на ДУИ и БЕСА а во среда имам средба и до Алијанса и Алтернатива. Се договоривме да се одложат изборите за вториот дел од октомври и пописот за септември, заради имунизација на населението и попишувачите. Важно е дека дијаспората ќе продолжи да се попишува и ја користам приликата да повикам сите граѓани како дома така и надвор да се попишуваат. Делот кој се договоривме за деблокирање на Собранието е многу важно меѓу кои градба на Клинички центар, законите за пензионирање, законите од европската агенда, за справување со пандемијата и помош на населението и стопанството. Прифативме уште утре да влезе изборниот законик за гласање со отисок, кажа премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите