Заев – Оријан: Израел го поддржува напредокот на Македонија
Премиерот Зоран Заев попладнево се сретна со амбасадорот на Израел, Дан Оријан, кој го завршува својот мандат во земјава.
Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот е разговарано за пријателските односи помеѓу двете држави, за кои е констатирано дека бележат развој, а се гледаат и потенцијали за нивно унапредување.
Премиерот Заев му заблагодари на амбасадорот Оријан за континуираната поддршка што ја дава Израел на нашата земја од независноста и која продолжува и денес во многу области. Посебно се нагласени како важни споделените искуства за стартап претпријатијата и иновациите, во рамки на можностите за развојот на економијата.
На средбата е констатирано дека Македонија има перспективи за развој на економијата и преку туризмот, со оглед на богатото културно-историско наследство во државата. Во таа насока, пренесено е дека постои интерес од млади луѓе во Израел за посета на земјава, со оглед на постоечките културно-историски паметници поврзани со Евреите кои живееле во нашата држава.
Исто така, истакната е поддршката од Државата Израел за напредокот на Република Македонија на домашен и меѓународен план.
-Ни значат пријателството и помошта од Израел, како докажан пријател на нашата земја и продолжуваме да ги градиме односите на принципиелно ниво во областа на економијата, културата, образованието, социјалните политики. Паралелно со заложбите во рамки на евроинтеграцискиот процес, посветени сме на отворањето нови работни места и на унапредувањето на животниот стандард на граѓаните во родната земја и продолжуваме да работиме во тој правец, рече премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Бајден: Беше животна привилегија да и служам на нашата нација
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица