Заев: Општество што гледа можност, а не попреченост, ги отворило очите за сите
Да бидеме пример за многу, дури и побогати земји, дека општеството кое прво ја гледа можноста, а не попреченоста, е општество кое ги отворило очите за сите свои граѓани, изјави денеска премиерот Зоран Заев на настанот организиран во Владата по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
- Треба да бидеме пример да ги актуелизираме прашањата што долго беа избегнувани, како и проблемите на овие луѓе. Да ги отвориме и преиспитаме нашите разбирања и перцепции за попреченостите. Да ги согледаме можностите и да ги надминеме препреките. Инклузијата не подразбира сожалување, туку заедништво и сојузништво и пред се правичен и достоинствен третман во обичниот живот, рече Заев.
Посочи дека треба да покажеме оти овие лице може да гледаат сојузник во институциите за подобрување на нивната положба, а во исто време да разбереме дека тие се сојузник на целото наше општество.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, рече дека посебноста кај овие лица треба да ја прифатиме, поради тоа што предизвикот со кој се соочуваат или попреченоста не е мана, туку различност.
- Владата е целосно посветена на надминување на пречките и предизвиците на лицата со попреченост во Македонија. Тоа не е само декларативна заложба. Уште во првите месеци од работењето на оваа влада испорачавме законски решенија што го олеснија пристапот до права на лицата со попреченост. Со таа брзина на испорака на правата и можностите, заеднички ќе работиме, за да испорачаме Македонија во која сите се вклучени и сите имаат можност за бидат вработени, изјави Царовска.
Фотографот со Даунов синдром Коста Куќа од Битола им подари две негови фотографии на премиерот Заев и министерката Царовска.
Здружението „Ретвитни оброк“ заедно со владиниот ресторан, со помош на учесниците на настанот подготви 50 оброци кои ќе бидат доставени до ранливи лица на кои им е потребна поддршка.
Ново на Сител
-
Фицо најави нормализирање на односите помеѓу Словачка и Русија
-
Француската полиција елиминира Тунижанец откако тој со нож избоде пет лица
-
Успехот создава зависност да истражуваш уште повеќе | Ангела Шаровиќ Иванова | Sitel Podcast 112
-
Вучиќ првпат откри што ќе работи откако ќе ја напушти власта
-
Путин: Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ
-
Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици