Заев: Опозицијата има право да протестира
Опозицијата има право да си протестира, истакна премиерот Зоран Заев, прашан за коментар на протестот кој го најави за вечер во Скопје опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Како што изјави, внимателно ќе ги слушне пораките од протестот.
- Секако мене ми е важно граѓаните кои сакаат да се приклучат безбедно да стигнат на протестот, секоја опозиција е многу важна и има улога во општеството. Јас внимателно ќе слушам за пораките кои што ќе излезат од самиот протест заради тоа што во нормална демократска, слободна држава опозицијата е таа која што и критикува и дава предлози како да го унапредиме севкупното работење во Република Македонија, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при увидот на градежните работи за изградба на експресниот пат Штип-Радовиш.
Ново на Сител
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
-
Ќе се шири истрагата за Грчец
-
Нема пензионерски домови
-
Агелер: Заедно ќе го чекаме победникот
-
Преглед на вестите од светот
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата