Заев: Одлика на овој Буџет е дека парите на граѓаните ќе се искористат за повисок квалитет на животот
Во Предлог-буџетот за 2022 година финансиски се пресликани приоритетите на кои Владата посветено ќе работи во текот на следната година, објави премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.
Основни цели на Буџетот за 2022 година, наведува, се економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост, зачувување на здравјето и животите на граѓаните, како и поддршка на институционалните реформи и европските интеграции.
– Преку Буџетот се обезбедува навремена исплата на плати, пензии, социјални надоместоци, субвенции, како и реализација на капиталните инвестиции, коишто за 2022 година се планирани на историски највисоко ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки од буџетскиот дефицит, напиша Заев.
Одлика на овој Буџет, истакнува Заев, е дека парите на граѓаните ќе се искористат таму каде што даваат најголеми ефекти во остварување на целите за повисок квалитет на животот.
– Затоа значајно е Буџетот за 2022 година да се донесе во законски предвидениот рок, со цел непречено финансирање на функциите на државата, пишува на ФБ премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Отворено ново студио за медиумски иновации на Правниот факултет „Јустинијан Први“
-
Кина воведе царини на европските жестоки пијалаци
-
Тешко повредено 20-годишно лице по сообраќајна несреќа во Кавадарци
-
Царинска управа: спречен обид за нелегална трговија со марихуана и лекови
-
Ја удрил со автомобил, па избегал од лице место - Тешко повредена 85 годишна жена
-
Уапсен 38 годишен косовски државјанин - Ја палел зградата на општина Тетово
-
Во четврток прва седница на ЕСС, ќе се зборува и за покачувањето на минималната плата
-
До петок променливо време, за викендот стабилно и топло