Македонија
26. March 2021 - 10:44

Заев: Очекувам масовно прифаќање на вакцините во Република Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев на почетокот на изградбата на Градскиот пазар во Делчево рече дека што поскоро се вакцинира целото население толку поскоро ќе се победи оваа грозна пандемија.

- Очекувам масовно прифаќање на вакцините во Република Северна Македонија, во недела стигаат првите дози на АстраЗенека, што значи ќе опфатиме 24.000 граѓани. Веројатно во овие денови ќе стигнат и другите количини по други механизми, не би сакал да соопштувам порано, изјави премиерот Заев.

Премиерот посочи дека иако ќе започне вакцинацијата ќе мора да се продолжи со носењето на маски и држењето дистанца и понатаму.