Заев очекува деновиве да стигне писмената потврда од „Фајзер“ за вакцините од Србија
Премиерот Зоран Заев очекува овие денови да стигне писмената потврда од „Фајзер“ за да може вакцините од оваа компанија, кои треба да пристигнат од Србија, да ги користат здравствените работници.
Верува дека вакцинацијата ќе започне месецов, а како што денеска изјави, позитивни вести се очекуваат и од Европската унија. Првите дози од директните преговори со „Фајзер“, пак, се очекуваат кон средината на месецов.
– Нашиот договор кој го имаме со „Фајзер“, очекуваме кон средината на февруари да ги даде резултатите. Тоа се првите 5.850 вакцини со тоа што во март продолжуваме со следните 17 илјади…, рече Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.
Во однос на набавката на кинеската вакцина, Заев се надева дека оваа недела ќе се заокружи постапката. Вели дека во разговорите со САД и НАТО е констатирано дека набавката на вакцините не е геополитичко прашање, туку суверено право на секоја држава.
– Законските решенија се утврдени. Се работи за начин по пат на преговарање за да се постигнат максимално компетативни услови за да можеме час поскоро да ја обезбедиме и кинеската вакцина, рече Заев, додавајќи дека е обезбеден и партнер – компанијата „Алкалоид“ доколку има потреба да се оди преку партнер.
Ново на Сител
-
СЗО: Осум лица заразени со вирусот Марбург починаа во Танзанија
-
Облачно и студено наместа со повремен слаб снег, од петок пораст на дневните температури
-
Успешна, примерна и инспиративна приказна за една вистинска љубов
-
Во Скопје три лица искасани од кучиња скитници
-
Жената која беше извлечена од Вардар пред неколку денови е исчезнатата Лидија
-
Руте: Мора да направиме се што можеме за да ги чуваме нашите луѓе безбедни
-
Русија изврши масовен воздушен напад врз украинската енергетска инфраструктура
-
Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница