Заев: Нема причина за одложување на пописот
Премиерот Зоран Заев не гледа причина да се одложи спроведувањето на пописот, бидејќи, како што нагласи, тој се организира по сите протоколи за заштита. Резултатите од овој попис, според него, се исклучително важни за економската иднина на државата, и затоа тој треба да се спроведе.
-Не гледам никаква причини, дури ни во претпоставени околности за повеќе заболени од просекот, да се одложи процесот на попишување и не треба да се одложи, бидејќи тој ќе се одржи по сите предвидени протоколи и мерки за заштита кои се правени во период кога имавме и по 1800 случаи на ден, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на реконструирана градинка во Карпош.
Начинот на пристап на анетирање, нагласи, е јасно дефиниран преку почитување на безбедносните протоколи и заради тоа процесот не треба да се одложи.
-Веројатно некои земји може да си дозволат да одложат, но тие имаат направено пописи пред дсеттина години, а ние немаме попис речиси дваесет години. Немањето податоци носи неправди, носи нерамноправност кај граѓаните и нееднаквост, а институциите на локално и централно ниво ги става во положба да работат во магла, во непознато, така што пописот треба да се спроведе од 1 до 21 април со резидентите. Тој е веќе почнат со попишување на дијаспората. Враќање нема, треба сите да преземеме одговорост и да учествуваме во оваа статистичка операција која е најпотребна за развој на економските мерки перспективи и иднина на државата, рече премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи