Заев: Не можам да кажам дека не се можни предвремени парламентарни избори ако граѓаните испратат порака спротивна на нашите очекувања
Во вечерашното гостување во Дневникот на Сител, лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека е уверен дека Коалицијата е апсолутен фаворит на претстојните локални избори. Според него, тоа го покажуваат сите истражувања.
-Овој пат не се партиите во прашање, овој пат е изборот на личности. Навистина, вистинската селекција на личностите е нешто коешто ги става во поголема фаворитска предност или во не толку фаворитска состојба. Ние потрошивме доста време и анализа на тоа и верувам дека го понудивме најдоброто од кандидатите, рече Заев во гостувањето на Сител, додавајќи дека очекува во иднина фокусот да биде кон инфраструктурните проекти.
Прашан дали се можни предвремени парламентарни, по локалните избори, претседателот на СДСМ рече дека тоа не може да се исклучи доколку граѓаните покажат дека не се согласуваат со нивните политики.
-Нашите очекувања според сите анализи, нели на крајот граѓаните одлучуваат, укажуваат дека ќе имаме најмногу градоначалнички места, најмногу советнички места и најмногу гласови за нашата Коалиција. И тоа се очекува да биде така. Второ, пред една година граѓаните одлучија на избори, навистина на Македонија ѝ треба период да работиме на реформи, на економијата, на економскиот стандард на граѓаните и треба тоа да го искористиме. Што не може да кажам и не, кога пораката на граѓаните преку гласањето биде навистина спротивно од тоа што ние го очекуваме, секој пат се отворени се отворени сите можност. Но дефинитивно секој пат сум насочен кон иднината, кон унапредување и така добрата соработка меѓу централната и локалната власт, рече Заев.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време