Македонија
20. January 2021 - 15:35

Заев: На првата Меѓувладина конференција очекуваме да биде усвоен акциски план со Бугарија

„Тоа е акциски план на секторска основа, каде што преку повеќе сектори, каде што очекуваме да биде усвоен на првата Меѓувладина конференција помеѓу Бугарија и С. Македонија, за да биде прифатен и адаптиран и веднаш да влеземе во негово спроведување“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Според него, ова се адресира на транспортот, комуникацијата, изградбата на инфраструктурата, граничните премини, патиштата, образованието, здравството, културата и спортот.

„Интерес е на двата народи да создадат убава атмосфера за отворените политички прашања“, смета Заев.