Заев: Македонија и Грција првпат по долг период со одлични пријателски односи
Првпат по долг период Македонија и Грција имаат одлични пријателски односи, кои се градат со интезивирање на посетите и меѓусебната комуникација, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Заев одговорајаќи на новинарско прашање во врска со можноста за решавање на спорот со Грција за името на патот на деблокирање на интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО, нагласи дека позитивната клима, што беше создадена изминатиот период во односите со Атина влева отпимизам, што треба да се искористи за конечно да се реши ова прашање.
-Верувам, а добивам и информации од грчка страна дека кај медиумите, но и кај граѓаните има позитивна атмосфера. Сето тоа ни дава за право како крајно сериозни политичари да го искористиме позитивниот момент и да најдеме решение за овој проблем, кој Грција го има со нашето уставно име, рече Заев.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе