-->
-->
Заев: Лично ќе се заложам сонот на Гаврилов за „Фонд за медиуми“ да стане јавен
-->
Со оваа прерана смрт изгубивме искрен и посветен медиумски работник кој со својата храброст и подготвеност да се соочува со професионалните медиумски предизвици предничеше и постави стандарди за медиумскиот бизнис и за новинарството кои ќе останат запаметени како негови дела, истакнува премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил за смртта на Горан Гаврилов, основач и сопственик на Радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис.
-Со огромно неверување ја примив жалната вест за смртта на Горан Гаврилов, основач и сопственик на Радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис. Со Горан Гаврилов како основач и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми, јас и Владата, заради неговото познавање на оваа област и заради неговиот ентузијазам, имавме блиска соработка и комуникација за унапредување на условите за работата на медиумите. Она што лично го знам, од моите разговори со него е дека секогаш беше на страната на новинарите, вели Заев.
Пишува дека Гаврилов имал развиено и сериозен концепт и предлог иницијатива за основање на „Фонд за медиуми“ за продукција на медиумски содржини од јавен интерес, како механизам за поддршка на професионалните ангажмани на медиумските работници.
– Лично ќе се заложам неговиот сон да стане јаве и ќе дадам поддршка за основање на Фонд за продукција на медиумски содржини од јавен интерес, согласно неговата основна идеја, и по примерот на неколку европски земји ќе иницирам таквиот фонд да го носи името Горан Гаврилов. Во мое име и во име на Владата, на семејството на Горан и на неговите роднини и пријатели им изразувам искрено сочувство.
Нека е вечен споменот за Горан и за неговите достигнувања. Слава му, наведува премиерот Заев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст