Заев – Кубера: Очекуваме брзо донесување на одлуката за почеток на преговори на Македонија со ЕУ
Премиерот Зоран Заев во придружба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и државниот секретар при Министерството за надворешни работи Зоран Попов, во рамките на еднодневната официјална посета на Република Чешка, денеска оствари средба и со претседателот на Сенатот на оваа земја, Јарослав Кубера.
На средбата било заеднички истакнато дека Северна Македонија и Чешка негуваат долгогодишно и длабоко пријателство.
– Премиерот Заев, на претседателот на Сенатот на Чешка, Кубера, му ја пренел благодарноста на Владата и на народот на Северна Македонија за силната и континуирана поддршка на Прага за нашата земја, која, го рефлектира и постојаното залагање за нашите европски интеграции и на останатите земји членки на Вишеградската група, соопшти владината прес-служба.
Во таа насока, Заев го потенцирал моментот кога поддршката од Чешка и од другите земји на Вишеград стигнале како моќна порака дека на Северна Македонија ѝ била нанесена неправда во октомври кога Европскиот Совет не постигна договор земјата да ги отпочне преговорите со ЕУ.
Претседателот на Сенатот на Чешка, Кубера нагласил дека очекува што поскоро донесување на одлуката за почеток на преговори со ЕУ затоа што, како што рекол, Северна Македонија тоа го заслужува со реформите и со историските договори што ги постигна со Грција и Бугарија.
Соговорниците на средбата се согласиле дека двете земји негуваат исклучителна соработка која сега ќе се потврдува и зајакнува и со членството во НАТО, како особено значајно за земјата, но и за регионот на Западен Балкан, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место