Заев – Кривокапиќ: Соработката меѓу Македонија и Црна Гора ќе се интензивира уште повеќе
Премиерот Зоран Заев ја заврши работната агенда од Самитот на Западен Балкан во Виена со билатерална средба со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ.
Двајцата премиери, соопшти владината прес-служба, ги потенцираа извонредното пријателство меѓу двете земји и подготвеноста за безрезервна меѓусебна поддршка на сите полиња кои се од интерес на народите во Црна Гора и Македонија.
Заев и Кривокапиќ изразија заложби за искористување на сите можности за интензивирање на економската соработка и за олеснување на регионалната мобилност на граѓаните, услугите и стоките.
На средбата се разговараше и за меѓусебно искористување на искуствата во секторските области од работата на Владите и институциите со цел обезбедување најбрзи и најефикасни услуги за граѓаните, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена