Заев: Костадинов е првиот потврден кандидат за градоначалник на СДСМ за Валандово
Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва на трибината во Валандово обелодени дека актуелниот градоначалник Перо Костадинов е првиот потврден кандидат на СДСМ за градоначалник на Валандово на претстојните избори.
– За некој ден ќе ги објавиме првите 20-тина кандидати за градоначалници, на почетокот на август ќе ја објавиме втората група кандидати, а третата група кон крајот на август. Но, нема посоодветно место од Валандово, да го објавам првиот кандидат за градоначалник, за кој нема никакви дилеми ниту во општинската организација на СДСМ, ниту меѓу коалицијата. Драго ми е да го објавам првиот градоначалник, кој ќе биде и избран на следните локални избори, Перо Костадинов, човек кој тоа го залужува. И ја користам приликата да ја упатам пораката до сите функционери: трудете се, работите, служете му на народот и нема дилеми дека ќе ја добиете довербата и од граѓаните и од своето партиско ракводство, рече Заев на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“.
Најави дека постапката за останатите кандидати продолжува преку испитување на јавното мислење и анкетирање на членството.
– Сите социјалдемократи ќе добиете викендов СМС порака преку која ќе се изјасните за кој кандидат за градоначалник ја давате вашата поддршка, а секако ќе следуваат и анкети насекаде низ државата, рече Заев.
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала