Заев: Конечно имаме цело време да се посветиме на внатрешните реформи
Владата во изминатата година паралелно ги туркаше и внатрешните реформи и надворешната политика, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата со генералниот секретар нан НАТО Јенс Столтенберг, запрашан за критиките во јавноста дека Владата не се посветила доволно на домашните реформи, туку на надворешната политика.
- Слушаме за критиките дека многу сме се насочиле на дипломатските мисии, посебно решавајќи ги проблемите со Бугарија и Грција, но паралелно ги теравме реформите. Првата фаза од реформите ја поминавме, заедно со опозицијата се гласаа реформите во правосудството, сега следуваат втората и третата фаза. Конечно имаме цело време да биде посветени на реформите и економијата, рече Заев.
Оцени дека поканата за НАТО и отворањето на патот за преговори со ЕУ ќе придонесат исто така за тој дел.
- Верувам дека мотивацијата, како кај мене така и кај целата Влада, ќе биде и во сите институции во Република Македонија, но и кај нашите граѓани, знаејќи дека имаме што да сработиме дома, сите со своите обврски и задолженија. Јас сум убеден дека дефинитивно нешто вредно за кое се бореле генерации од осамостојувањето на Македонија, конечно го имаме на дофат, додаде премиерот.
Ново на Сител
-
Трамп: Гренланд во иднина може да биде дел од САД
-
Свирежи до Владата и Собранието, 16-минутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина
-
„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот
-
Почна маршот за настраданите во Кочани
-
Забрана за вршење на било какви операции со дронови на територијата на град Скопје
-
Дисциплинска постапка за полициското лице чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син, кривична пријава за синот
-
Здравствен работник обвинет за убиство на девет пациенти во Германија