Македонија
1. April 2021 - 13:35

Заев: Ќе се вакцинирам со било која вакцина, за мене сите се во ред

Премиерот Заев денеска на прес-конференција по приемот на донацијата за вакцини од Србија истакна дека и тој се пријавил за вакцинација, па како што рече, кога ќе му дојде редот ќе се вакцинира со вакцината која во тој момент ќе биде на располагање.

-Се пријавив за вакцинација, прво јас па и моето семејство. Која вакцина ќе дојде на ред за мене со таа ќе се вакцинирам. За мене сите вакцини се во ред, рече Заев.