Заев: Јас сум борец човек со храбри одлуки, сум се борел против режим и тука сум да се борам
Неколкупати не до крај јасно рековте дека не можете да ја водите владата во посакуваниот правец доколку се изгуби Скопје и неколку други поголеми градови, што значеше ова конкретно? Оставка на премиерот доколку се изгуби Скопје или пак само мобилизација на вашето гласачко тело? - на ова прашање премиерот Зоран Заев рече дека тој или или Влада предводена од него не може понатаму да води Влада која се залага за барок.
- Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум борец човек. Сум се борел, јас кажувам против режим, се борев со храброста во одлуките на дипломатските маси, за меѓународните проблеми, внатре сум се борел комплетно за да го соединам ова општество во едно општество за сите. Сум носел храбри одлуки и јас сум тука за да се борам, вели премиерот Заев.
Додава дека за ова му е потребана поддршката од граѓаните.
- Потребна е поддршката од граѓаните. Можете да бидете вие колку сакате храбар, притоа претпазлив за сето тоа што е важно за државата и да ја интегрирате во НАТО, да добиете понуда за почеток на преговорите со ЕУ да дај боже до крајот на годината отвориме прва меѓувладина конференција, тоа се надежите и моите согледувања кои ги имам, но не можете да имате општини кои го шират конзерватизмот, национализмот и ги делат граѓаните или општини каде, на пр. Скопје како град е Влада во Влада тој е многу важен, или сите други општини кои остануваат. Да имате политики кои ќе ве скараат со соседите, а тоа не носи кон интеграциите на ЕУ или да се борите во делот на поддршка на модерни булевари, модернистички решенија а некој да се залага за сосема спротивно, а тоа е барокот и сл. Јас или Влада предводена од мене не може понатаму да води таква Влада, вели премиерот.
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО