Заев: Фудбалската федерација на Македонија е заробена, како што беше заробена и државата
Во интервју за весникот „Коха“ премиерот Зоран Заев му порача на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, да го почитува законот и транспарентно да ги троши парите.
На почетокот на месецот Владата донесе одлука за формирање Координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство2020, одложено од минатата година, но ФФМ ја одби понудатата за соработка.
Координативното тело требаше да има за цел, како што велат од Владата, да ја помогне организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на ова европско натпреварување, кое за националниот тим започнува на 13 јули.
Односите помеѓу државата и ФФМ веќе извесно време се под тензии, додека Агенцијата за млади и спорт бараше од ФФМ да го смени статутот и да го усогласи со Законот за спорт, што фудбалската „влада“ упорно одбива да го направи.
„Има конфликт да, јас мислам дека ФФМ е заробена како што ни беше државата заробена на нетранспарентен и строго контролирачки начин преку огромните милиони со кои што разполага ФФМ. буквално се менаџираат и купуваат делегати мислам дека не е слободно, зошто? Заради тоа што собранието на ФФМ е спротивно на законот на спорт. Значи нешто кога се прави надвор од законот тогаш е проблем. Сите федерации во државата го почитуваат законот за спорт само ФФМ не го почитува. Во законот за спорт кажува дека делегати во Собранието даваат прво членките на таа федерација, клубовите, не може Шкендија да нема делегат, не може Беласица да нема делегат или Пандев да нема делегати или не знам Шкупи“, вели Заев во интервјуто.
Според Заев, ФФМ не ја адаптирал структурата според законот донесен во 2018 и милионите евра кои ги добива ФФМ, главно од Европската фудбалска федеравија, да се трошат за фудбал.
„Тоа е моето очекување, е сега господинот Мети, Мети Сајдини, сум се видел со него, сум разговарал многу нормално има месеци и месеци поминато, има свои ставови околу овие работи. Јас сум претседател на Влада и сум гарантор на извршувањето на законите. Исто така во државата, од мене фудбалски клубови побарале, АМС дава ваучери милионски на тие клубови, тоа се народни пари на граѓаните. Сите сакаат по закон да биде, само тоа и јас верувам дека ќе се среди работата по закон и заради тоа веројатно господинот Мети реагираше на нашата работна група, но оваа федерација е ФФМ, но репрезентација е на сите и Владата само сака да помогне да им се најде на играчите, на тренерите, на сите да бидеме подготвени. Прв пат играме ЕП во фудбал“, додаде Заев.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг