Заев-Брглез: Време е Македонија да влезе во НАТО
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со Милан Брглез, претседател на Државниот збор на Република Словенија, придружуван од словенечка парламентарна делегација како и од словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Јазбец.
- Ви честитам за се што постигнавте по политичката криза и за успешните позитивните промени што се случуваат внатре во државата, во односите со соседите и на меѓународен план, добро е да се види некој со визија кој сака и може да ги движи процесите напред, му порачал на премиерот Заев, претседателот на словенечкиот Парламент, Брглез, кој донесе уште една конкретна порака од Словенија.
Брглез, како што соопшти владината прес-служба, порачал дека Словенија останува силен поддржувач на развојот на Македонија.
- Република Словенија останува силен поддржувач на развојот на Македонија, ќе помогнеме во евро-атлантските интеграции, фокусот од Црна Гора го префрлуваме на Македонија, сега е време Република Македонија да влезе во НАТО, истакнал Брглез.
Премиерот Заев му се заблагодарил во име на граѓаните на Република Македонија и на дражвата, за пријателската, принципиелна и конструкивна поддршка од Република Словенија.
- Го заокружуваме успешно првиот дел од реформскиот План 3-6-9. Владата и институциите, во соработка со граѓанското општество и со пријателите на Македонија од ЕУ и НАТО работат посветено за да осигураат квалитетен живот на граѓаните и заедно со тоа, низ добрососедската и регионална соработка, реализација на стратешките евро-атлантски цели, нагласил Заев.
Македонскиот премиер повикал на охрабрување на словенечките биснисмени да инвестираат во Македонија, за што е има заедничка согласност дека е можно низ отворените шанси за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, биле поздравени инклузивните политки на новата Влада и почитта што ја покажува кон работата на Парламентот како посебна, закондавна власт што придоесуваат кон изградба на едно стабилно општество за сите граѓани во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред