Заев бара МВР да го објави извештајот за пожарот во тетовската модуларна болница
- Не можам да дадам наредба, налог или некои напатствија на орган кој не е под извршната власт, тоа е Јавното обвинителство. Можам да апелирам час поскоро, по завршување на квалитетна истрага, да се објави, но можам да побарам од МВР, тоа што е делокруг кај нив како орган под состав на владата, да го објават, да го соопштат до граѓаните, затоа што поминуваат неделите и навистина треба да се дадат соодветни одговори, прво за граѓаните, а секако и за нас како Влада да ги носиме соодветните одлуки. Знам дека делот на форензиката, вештачењето кое го направи МВР е доставено до Јавното обвинителство и од тој аспект очекувам во следните денови да се објави од страна на МВР тој извештај, а Јавното обвинителство можат да си продолжат со истрагата, изјави Зоран Заев, Премиер.
Пожарот во тетовската модуларна болница се случи на 8ми септември неколку минути после 21 часот. Во трагедијата, животот го загубија 12 пациенти и две лица кои во моментот биле во објектот.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд