Бизнис
20. јуни 2020 - 11:28

Заев: 5 милиони евра за земјоделството преку Развојната банка

„Македонската почва нуди огромни богатства, имаме ресурси, знаење и желба за работа и со соодветен план тие ресурси целосно ќе ги искористиме.

Силно го поддржуваме земјоделството преку третиот пакет економски мерки. Наша задача е со стратегија и соодветна поддршка земјоделството во Македонија да стане една од најпродуктивните и најисплатливите гранки.

Здравствената криза покажа дека домашното производство во сите гранки е најважно. Затоа треба да го подготвиме земјоделството – да ги искористиме сите потенцијали за поголемо производство и продолжување на инвестициите, за рестарт на економијата“, напиша Заев на својот фејсбук профил.