Заеднички час на платото на УКИМ, студенти и професори оддадоа почит на жртвите
На платото на УКИМ се одржа Заеднички час на студенти и професори во спомен на жртвите во пожарот во Кочани. Собирот беше организиран од студентската организација на Скопскиот универзитет. Настанот закажан за точно напладне беше одложен половина час поради силен дожд, а потоа почна со седумминутен молк на големиот број присутни студенти со кој беше исполнет кампусот на УКИМ.
Со кратки говори на сочувство се обратија ректорката на УКИМ Биљана Ангелова и министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Студенти во редици чекаат да запалат свеќи за покој на загинатите во пожарот, да положат цвеќе и да остават пари за поддршка на семејствата во кутиите за донации пред Филозофскиот факултет. Донираните средства ќе бидат предадени на Црвениот крст. Пред Правниот факултет, пак, е отворена Книга на жалост.
Вакви собири напладне ќе се одржуваат и во наредните четири дена.
Претседателот на УСС на УКИМ Александар Николовски соопшти дека утре ќе се одржи на кампусот на техничките факултети, в среда на ПМФ, во четврток пред Педагошкиот факултет, а за петок ќе биде организиран марш низ Скопје или студентите и сите заинтересирани граѓани ќе се упатат кон Кочани.
Обраќањата на Ангелова и Јаневска накратко беа прекинати за да биде интервениграно со итна медицинска помош на студенти на кои им се слошило.
Ново на Сител
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени
-
Тошковски ги разреши началниците од Штип и Кочани
-
Склад за гориво пронајден во непосредна близина на дискотеката
-
Мицкоски: Ќе одговара секој кој има вина
-
Релативно стабилна е состојбата на пациентите од Кочани хоспитализирани во клиниките во Скопје
-
Судска медицина работи на обдукција и идентификација
-
Поглаварот на МПЦ ќе присуствува на погребот
-
Повредените сместени во странски центри се под постојан медицински надзор