Заедничка филмска програма на МСУ и „ДокуФест“ од Призрен
Со проекцијата на филмот „Се запрашавте ли кој пукаше?“ на Тревис Вилкерсон, вечер почнува заедничката филмска програма „Reality Has to Begin” на Музејот на современата уметност (МСУ) и Интернационалниот фестивал за документарни и кратки филмови „ДокуФест“ од Призрен, Косово.
Како што најавува МСУ кој е и домаќин на „Reality Has to Begin”, дводневната програма се фокусира на современиот креативен документарен филм, а куратори се Кумјана Новакова и Ветон Нурколари.
Освен „Се запрашавте ли кој пукаше?“, вечер, како видео инсталација ќе биде претставен и „Сонот господари со нејзината куќа“ (Sleep Has Her House) на Скот Барли.
„Reality Has to Begin“ ќе заврши утре, со проекцијата на „Викендичка“ (Ljetnikovac) на Дамир Чучиќ (Хрватска) во 12 часот, по што ќе се одржи и разговор со уметничкиот директор на „ДокуФест“ - Ветон Нурколари.
Филмската и видео програма на МСУ е посветена на промоцијата на современиот филм.
Ново на Сител
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?