Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка
Поради остатоци од снег на коловозот, забрана за тешки товарни возила и автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. На патот Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.
Забрана за сите видови моторни возила, пак, е водена на патниот правец Ранковце – Герман има забрана за сите видови моторни возила.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден
-
Во сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди се здобил малолетник
-
Мерц по средбата со Макрон: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат издвојувањата за одбраната
-
До крајов на неделава нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи
-
Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција
-
Македонија не смее да биде жртва на изнудување на членство во ЕУ
-
Се скарале во сообраќај па извадил нож и го избодел, уапсен 61-годишен гостиварец