-->
-->
Заборавете на пеперминт бонбоните: Овој рецепт го убива лошиот здив!
-->
Сите барем еднаш сме се нашле во ситуација, колку и да ги миеме забите или лижеме бонбони од пеперминт, никако да не можеме да го решиме проблемот со лошиот здив предизвикан од вкусните грицки или јадење на лук. Но не се грижете, постои рецепт кој делува веднаш.
Потребно ви е:
1/2 лажица цимет во прав
1/2 лажица мед
2 лимон
Постапка:
1. Во сад ставете го циметот и медот па потопетеги со шоља топла вода.
2. Мешајте додека медот не се стопи, а потоа додајте сок од лимон.
3. Се заедно уште еднаш добро измешајте го, претурете го во стаклена тегла со поклопец и ставете го фрижидер.
4. Со оваа смеса темелно измијте усната шуплина па проголтајте.
5. Постапката поновете ја кога и да помислите дека е потребно.
Делување:
- Циметот и лимонот ќе ја дезинфицираат усната шуплина и ќе ги „убијат“ бактериите кои предизвикуваат неугоден мирис, а медот ќе и даде поубав вкус на смесата.
- Освен што ќе го решите проблемот со лошиот здив, оваа мешавина е одличен борец против вирусите и настинките, го зголемува имунитетот и делува како антиоксиданс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник