Заборавете на овие домашни навики - Привлекуваат сиромаштија, болест и неволја!
Натрупувањето работи и нередот штетно влијаат на нормалниот живот во некој простор. Фенг шуи препорачува на одредени места во станот да се расчистат и одржуваат уредни.
Овде се подразбира и генерално средување: сортирање на работи така што сите да имаат свое место, поправки на расипаните работи, фрлање на непотребното, неупотребливо и се што не е во функција, се што не ни се допаѓа или не го употребуваме долго време.
Нередот влегува во човечкото биоенергиско поле, предизвика неорганизирано, хаотично размислување, а последично е и една неволја за друга.
Навиката да чуваме, складираме, и собираме непотребни работи кои не ги користиме (под изговор дека можеби еден ден ќе ни затребаат) укажува на тоа дека длабоко во себе имаме навика да чуваме страв , тага, незадоволство, грижа.
На тој начин му праќаме две пораки на својот мозок и својот живот: да не веруваме во утре и да мислиме како ново и подобро не е за нас.
Се додека материјално и емоционално се држиме до старите бескорисни чуства, нема да има место за нови можности.
Тенденцијата на пренатрупаност во просторот (исклучиво на очигледни причини кога повеќе членови живеат во мал протор) се поврзани со инстинкт на самозаштита и оградување од други чувства на несигурност.
Работите под кревет силно го реметат здравјето, а потребата работите да се редат на полици (посебно оние над работните столови и кревети) ќе предизвикаат константно треперење од нешто неочекувано.
Кога го пренатрупаме центарот, североисток или југозапад од својот простор, тогаш сме премногу загрижени за своето здравје и најчесто ја загрозуваме функцијата на панкреасот, желудникот и слезината.
Нередот на запад или североисток често ќе не ставаат во конфликтни ситуации поради неконтролираност, а белите дробови и дебелото црево стануваат чувствителна точка.
Пренатрупан север ги ограничува нашите потенцијали, не спречува јасно да ги истражуваме нашите чувства, ни донесува стравови и проблеми со бубрезите.
Исток и југоисток на пренатрупаните работи ќе ви возвратат со неодлучност, конфузија, потиснат бес, но и дисфункција на црниот дроб или жолчното кесе.
Нередот на југ донесува проблематично и насилно однесување, недостиг на признание, омаложување и пореметување во работата на срцето, тенкото црево и имунитетот.
Не се тие работи кои животот ги стагнира, туку ставот на чување и задржување. Кога нешто чуваме, всушност размислуваме за потребата, сиромаштво, веруваме дека утре тоа ќе ни недостасува и дека нема да можеме да ги исполниме тие потреби.
Извор: vedskakademija.rs
Ново на Сител
-
Јапонската туристка што падна кај Канео во стабилна состојба
-
Пожарот во Визбегово локализиран, ЦУК бара решавање на проблемот со дивата депонија
-
Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, се чека од 30 до 45 минути
-
Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило