За учество на претседателските избори во Бугарија регистрирани 30 субјекти
За учество на претседателските избори во Бугарија, закажани за 6 ноември, досега се регистирани вкупно 30 субјекти - 11 политички партии, пет коалиции и 14 иницијативни комитети на независни кандидати, соопшти денеска портпаролката на бугарската Централна изборна комисија, Камелија Нејкова.
Како што јави БТА, крајниот рок за регистрирање на кандидати за учество на изборите е до 4 октомври во 17 часот.
Нејкова нагласи дека досега се поднесени кандидатури на деветмина претседателски кандидати, од кои дел веќе се потврдени, а за остантите постапката за регистрација е во тек.
По утврдувањето на сите кандидати за претседател, на 5 октомври во ЦИК треба да се одржи ждребка за редоследот на кандидатите на гласачките ливчиња.
Крајниот рок за објавување на регистрираните кандидатски листи за претседател во Службениот весник на Бугарија е 6 октомври.
Меѓу досега познатите кандидати за претседател се и Румен Радев, кој официјално настапува како независен кандидат, но е поддржан од најголемата опозициска сила Бугарската социјалстичка партија (БСП), потоа поранешниот шеф на бугарската дипломатија Ивајло Калфин кој е кандидат на партијата Алтерантива за бугарска преродба (АБВ), Трајчо Трајчов од Реформскиот блок, Красимир Каракачанов од коалицијата Обединети патриоти и поранешниот премиер Пламен Орешарски, која настапува како неависен кандидат.
Владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) се уште официјално не го соопшти името на својот предлог, но медиумите како можни кандидати ги посочуваат бугарскиот премиер Бојко Борисов, партиксиот потпретседател Цветан Цветанов, претседателката на Парламентот, Цецка Цачева, вицепремиерот Томислав Дончев и градоначалниците на Софија и на Бургас, Јорданка Фандакова и Димитар Николов.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло