Живот
24. November 2016 - 20:56

За што благодарат Американците на Денот на благодарноста?

Дури и никогаш да не сте стапнале во САД, сигурно сте гледале барем три филма со сцени од прослава за Денот на благодарноста.

Општиот впечаток добиен од овие сцени, е дека Денот на благодарноста е проследен со многу јадење, вечни проблеми со печењето на мисирки и неизбежни расправии со роднините.

И не е сосема погрешно. Денот минува главно во уништување на тони храна, водење љубезни разговори со роднини кои ги гледаат само на ДЕНОТ на благодарноста и прошетка во соседството, за да слегне мисирката и се отвори место за финалето на вечерта – пита од тиква.

Нема бучни драми, нема ни откривање на големи семејни тајни, како што по дифолт се случува во холивудските сценарија.

Ако сте малку збунети што точно слават Американците на Денот на благодарноста, не сте единствените. Американците исто така не се многу свесни која точно е смислата, потеклото и традицијата на празникот.

Секоја година, на пример, локалниот печат посветува долги статии за да ги одгатне најтврдоглавите митови околу Денот на благодарноста. Дури и Washington Post направи цела анализа околу празникот, но секогаш, на форумите одоздола има стотици изненадени или навредени од изнесените информации („Глупости! Ова е само мислењето на авторот!“).

Еве на пример неколку најраспростанети заблуди:

– За време на првото празнување во 1621 година во  Масачусетс, домородните жители јаделе мисирка.

– Денот на благодарноста се слави секоја есен од 1621 година – досега.

– Традицијата на американскиот претседател да „помилува“ една од купените мисирки за гозба во Белата куќа е многу стара, започнува уште од Абрахам Линколн, но е одобрена од Хари Труман.

Thanksgiving_The-First-Thanksgiving_cph.3g04961-E

Историската вистина е малку поинаква.

Празниците кои што ја одбележуваат бербата и почетокот на зимата постојат во многу култури и религии во светот. Домородното население на Северна Америка исто така има слична традиција. Дури и пред легендарната гозба во 1621 година во Масачусетс, во шпанските колонии на југ го прославувале свои денови на благодарноста, за што оставиле и пишани извори.

Протестантската секта на пилгримите која се насели во Масачусетс во почетокот на 17 век, ја пренесува со себе традицијата од времето на Англиската реформација – големите победи и достигнувања да се истакнуваат со масовни гозби и молитви.

Некои историчари сметаат дека модерниот Thanksgiving има повеќе холандски корени. Пред да тргнат кон Новиот свет, пилгримите емигрираат прво во протестантска Холандија и можеби таму ги виделе традиционалните празнувања во октомври за спасувањето на градот Лајден од опсадата на шпанската армија во 1574 година.

Во 1621 година младата колонија решава да ја слави добрата жетва. На трпезата се поканети и соседите – домородното население на сегашната држава Масачусетс од племето Вампеног. За менито не е познато многу, освен тоа дека имало дивеч. И така се славело се до 1863 празнувајќи големи настани.