За седум месеци 115 жртви на патиштата низ Албанија
На патиштата низ Албанија, во периодот јануари-јули годинава животот го загубиле 115 лица a 1.188 лица се здобиле со полесни или потешки повреди.
Според Институтот за статистика во извештајниот период се регистрирани 862 сообраќајни несреќи или во просек по четири сообрајаќи дневно.
Само во месец јули регистрирани се 148 несреќи, во кои животот го загубиле 13 лица.
Најчести причини за сообраќајните незгоди се брзото возење, алкохолот како и непочитување на правилата а 30 отсто од возачите се на возраст меѓу 25 и 35 години.
Најмногу сообраќајки се случиле на подрачјето на Тирана, по што следат Корча, Фиер и Валона.
Присуството на пеалбарите во месец август ја зголемија фрекфенцијата на возила за неколкупати, поради што црната статистика по патиштата продолжува.Во текот на овој месец животот го загубиле најмалку 15 лица.
Во сообраќајни несреќи во Албанија, во просек годишно животот го губат најмалку 200 лица.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?