За седум дена истекува јавниот повик за финансиска поддршка за Центрите за развој на планинските региони
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потсетува дека јавниот повик за поднесување барања за финансиска поддршка преку Програмата за капитални субвенции истекува за седум дена, заклучно со 25-ти овој месец.
Како што соопшти денеска Министерството, финансиската поддршка е наменета за Центрите за развој на Планските региони, а средствата што ги доделува се наменети за финансирање на инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште.
-Со помош на овие средства, Центрите имаат можност да реализираат инвестиции за подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност. Со ваквите инвестиции ќе се подобри и олесни пристапот до обработливите земјоделски површини, што е особено важно за земјоделците кога ги вршат агротехничките мерки, бербата и транспортот на земјоделските производи, информираат од МЗШВ.
Министерството потсетува дека право на учество имаат сите Центри за развој на плански региони на територија на нашата држава кои се регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.
Главната цел на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што се наведува во соопштението, е да се подобри руралната патна инфраструктура, која е основен предуслов за успешен развој на земјоделството.
Ново на Сител
-
Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор