-->
-->
За пукањето во теолошкото училиште осомничен е 41-годишник од Teтово
-->
Tетовската полиција информира дека е расчистен случајот со пукањето во објектот на средното теолошко училиште во градот кое беше пријавено вчера. За истрелите ќе биде поднесена кривична пријава за 41-годишен жител на Тетово.
-Осомничен дека со огнено оружје го извршил оштетувањето е 41-годишниот тетовец Б.М. Тој вчера околу 18 часот и 30 повикан е во Полициската станица Тетово, одземен му е пиштол „цз“ со рамка со 12 куршуми калибар 9 милиметри за вештачење, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според информаците на СВР Тетово по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик за „предизвикување општа опасност“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата