За две години 266 Црногорци биле во куќен притвор, петмина го скинале електронскиот ремен за следење
Од почетокот на примената на алетернативата кривична санкција-домашен притвор во Црна Гора, од 2017 година, веќе 266 лица издржале ваква казна во своите домови, а во моментов уште 62 осудени лица чекаат да ја отслужат казната во своите места на живеење, наведуваат „Дневне новине“.
Во Црна Гора постојат 87 уреди за електронско следење и исто толку трансмитери – таканаречени „ ремени за нозе“, но бидејќи постојано расте бројот на пресуди во кои се изрекува таква казна, ќе се набават дополнителни уреди.
Лицата кои издржуваат ваков вид казна најчесто се сторители на кривични дела кражба, недавање алиментација, насилничко однесување, лесни телесни повреди, загрозување на јавниот сообраќај, недозволено држање оружје, загрозување на безбедноста и тешки телесни повреди.
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ