За два месеца во Кавадарци 12 дена зголемена концентрација на ПМ 10 честички
Во изминатите два месеца во Кавадарци 12-тина дена била зголемена концентрацијата на ПМ 10 честички во воздухот, над дозволените максимални концентрации.
Ова го покажуваат податоците преземени од Станицата за мерење на загаденоста на воздухот во Кавадарци, информира Јованче Колев, инспектор за животна средина и комунални дејности при Локална самоуправа Кавадарци.
Всушност, вели тој, оваа појава гледана преку резултатите на Министерството за животна средина и просторно планирање-секторот кој е одговорен за набљудување на покачувањето на ПМ 10 честичките низ државата и Управата за хидрометеоролошки работи во Кавадарци станува актуелна со почнувањето на грејната сезона. Овој период, не само оваа година, додава, ПМ 10 честичките се зголемуваат енормно, по неколку пати повеќе од дозволеното.
- Проблемот се јавува во вечерните часови кога се активира поголемо количество топлинска енергија во домаќинствата после враќањето од работа на граѓаните и испуштањето на јагленороден диоксид во атмосферата од оџаците при што се ствара обвивка над градот, која поради затвореноста на истиот од три страни, нема провев и тој чад во форма на облак лежи над самиот град и ПМ 10 честичките се зголемуваат.Во раните утрински часови со мал ветар тој исчезнува. И параметрите покажуваат дека ПМ 10 честичките во овој прв дел на денот се под максимално дозволеното, дури и екстремно ниски.Овие параметри , кои се поволни за граѓаните на Кавадарци се евидентни до 16 односно 17 часот и се под границите , дури имаме и вредности кои важат за најчистите градови во Македонија, соопштува Колев.
Според него, во моментов граѓаните се најголеми загадувачи. Во овој период, вели, започнува грејната сезона во домаќинствата, а се вари голема количина на ракија. Тој на увид ги покажува и документите кои се извадени преку Станицата за мерење на загаденоста во Кавадарци. ПМ 10 честичките во пролет, лето и почетокот на есента се нормални или под граница. Главно до 30, и многу ретко до 40 микрограми на метар кубен. Но овој период, подвлекува, како одминува денот, особено доцна попладне, како паѓаат температурите, така растат ПМ честичките.
Граѓаните можат да го следат квалитетот на воздухот во Кавадарци преку апликација на Министерството за животна средина и просторно планирање он лајн страница и може да се врши увид на присуството на ПМ честичките во воздухот.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување