-->
-->
За два месеца препораки за проектот Чебрен и Галиште
-->
Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев и Министерството за економија за 10 дена треба да формираат меѓуресорска работна комисија која во рок од два месеца е задолжена да достави препораки за проектот „Чебрен“ и „Галиште“, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Како што рече Бошњаковски на прес-конференција, осврнувајќи се на две точки од последната седница на Владата, проектот „Чебрен“ и „Галиште“ ќе чини 220 милиони евра.
Владата на седницата донела одлука да се гради спомен-обележје на Тоше Проески на неговото вечно почивалиште во Крушево. За оваа намена се одвоени 10 милиони денари од Министерството за култура.
-Средствата ќе и бидат префрлени на Општина Крушево која е задолжена да го изгради објектот, рече Бошњаковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот