За 3,1 милиони евра ќе се доградува мостот на Вардар на кој што требаше да стои панорамското тркало
Градоначалникот Петре Шилегов реши – мостот на Вардар на кој требаше да стои панорамското тркало, сепак ќе се доградува, но без тркалото и ќе функционира како пешачки мост.
Како што пишува порталот СДК, минатата недела Град Скопје и изведувачот ГП „Бетон“ постигнале договор мостот да се догради по пониска цена од онаа во првичниот договор, односно наместо 7 милиони евра, Градот да доплати 3,1 милиони евра.
Град Скопје направил нов проект според кој мостот нема да има барокни елементи и ќе биде поставена проѕирна ограда за да се гледа Камениот мост. Шилегов за порталот вели дека уривањето на мостот, заедно со заостанатите обврски кон германските партнери кои требало да го градат тркалото, би чинело три милиони евра. Вака, според него, договорено е за истата цена мостот да се догради.
Со месеци мостот стои недоправен, а околу него и во Вардар има купишта земја, градежни материјали и железо, иако градските власти најавија дека ќе го расчистат коритото. Пред неколку месеци, кога обилните дождови го доведоа Вардар до излевање, Шилегов изјави дека екипи составени од повеќе надлежни институции утврдуват протокол за градбите во Вардар.
– Искуството од само два дена врнење покажува што сè може да се случи. Изградбата на Панорамското тркало е стопирана, Градот нема потреба од него, цела среќа е што не е платено, па барем тука ќе заштедиме народни пари – рече Шилегов.
На новинарското прашање за тоа дали е раскинат договорот со изведувачот „Бетон“ и дали Градот ќе плаќа казнени „пенали“, градоначалникот одговори дека договорот е сторниран, а работите што се досега изведени се навремено платени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден