За 27 години од Албанија се иселиле 1,5 милиони лица
Од демократските промени во Албанија во 1990 година, па до лани, земјата ја напуштиле околу 1,5 милиони жители, покажуваат податоците на албанскиот Институт за статистика.
Институтот наведува дека во последните шест години од Албанија се иселиле 317.000 лица, а само лани земјата ја напуштиле 40.000 лица, што е за 15.000 повеќе во однос на 2016 година.
Според пописот од 2011 година, во Албанија имало 2.821.977 жители, додека според проценките, во јануари годинава земјата имала речиси 2.877.000 жители.
Најголемот процент од лицата што изминативе 27 години емигрирале од Албанија или околу 600.000 заминале во Грција, а потоа како најпривлчени дестинации за иселување на Албанците следуваат Италија, другите европски земји, САД и Канада. Мал број албански граѓани со македонско потекло се иселиле и во Македонија.
Трендот на иселување на населението од Албанија, според експертите од оваа област, има силни негативни последици на пазарот на трудот, но во други сегменти од животот.
- Во основа албанските граѓани емигрираат поради економски причини, но сега се поголемо влјание има желбата за подобар живот и унапредување во кариерата. Владата треба да креира соодветни политики за стопирање на овој негативен феномен, смета експертот Коста Бајраба,
Тој додава дека и покрај ветувањата на сите досегашни влади, ниту една досега не успеала да го запире иселувањето на населението.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно