-->
-->
ОН: За 13 милиони Сиријци потребна e хуманитарна помош
-->
ОН денеска соопштија дека за 13 милиони Сиријци е потребна итна помош, и покрај тоа што насилствата се намалени изминатите неколку месеци.
- Во седмата година од кризата сериозноста за помош во Сирија останува непроменета. На околу 13 милиони жители во Сирија им е потребна хуманитарна помош. Најмалку 5,6 милиони лица имаат итна потреба од помош, се наведува во извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.
Според ОН, регистрирано е намалување од 2016 година, кога бројот на луѓе, на кои им била потребна помош во Сирија била 13,5 милиони. Во извештајот се додава дека 40 отсто од оние, на кои им е потребна итна помош, се деца, кои се наоѓаат во области каде тешко се доставува хуманитарна помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Имплементација на проектот ,,Зајакнување на младите преку нови можности 2"
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата