Вулин: Мигрантите нема да можат да излезат од Унгарија
Мигрантите кои нема да успеат да ја преминат унгарската граница и да останат на ничија земја, ќе можат да се вратат во Србија и да престојуваат во прифатните центри, додека оние кои ќе преминат во Унгарија, нема да бидат прифатени во Србија, изјави српскиот министер за труд и социјални прашања Александар Вулин.
Вулин појасни дека оние имигранти кои ќе преминат во Унгарија и ќе бидат евидентирани во земјата, а потоа на сила вратени во Србија, нема да бидат прифатени, јави Танјуг.
- Ние никого на сила нема да задржуваме на наша територија и со самото тоа нема да дозволиме на ниту една земја на сила и без соодветна законска процедура и реадмисија било кого да врати на наша територија, рече Вулин.
Запрашан што ќе биде со тие мигранти, Вулин рече дека тоа повеќе нема да биде одговорност на Србија.
Во Унгарија од полноќ ќе стапи во сила пакет амандмани со кои се заостуваат законите за заштита на границите и миграцијата, усвоен во Парламентот на 4 септември.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра