Вујо за Раул: Македонија му е попатна станица, како едвај да чека да заврши СП
Поранепниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, еден од најголемите ракометари на сите времиња кои излегле од Балканот со години е миленик на скопската публика, како што стана и Раул Гонзалез, човекот кој Вардар го направи европски правак, а сега е селектор на Македонија.
Но, Вујовиќ по поразот на Македонија од Хрватска синоќа, не го штедеше Раул, па во колумна за „Балкан Хандбал“ посочи дека смирениот Шпанец делува како едвај да чека да заврши Мундијалот во Германија и Данска.
„На Македонците им фалеше сè – се удавија! Раул како да не е тука. Иако тој делува така смирено и опуштено на клупата на репрезентацијата и на клупата на ПСЖ, мене таков однос воопшто не ми одговара, без оглед како стручњак е. Се повеќе ми се чини дека Раул едвај чека сето ова да заврши и да се посвети на својата работа во Париз. Некако ми делува дека Македонија му е попатна станица...“, пишува Вујовиќ по вчерашниот меч.
Додава дека од балканското дерби во минхенската група синоќа, малку видела јавноста,
„Од тоа дерби малку видовме. Хрватска се покажа колку сериозна селекција е, веќе петти, шести пат ги победуваат Македонците на големите натпреварувања. Хрватска одигра многу добро, го имаа расположениот Шего, сјајниот Дувњак кој ги држеше сите конци, имаа расположени бекови, играа добро одбрана... Ама, многу им помогнаа и самите Македонци со својата тактика со два пикери, што цврстата и силна одбрана на Хрватска ја вратија на шест метри“, додава Вујовиќ.
Ново на Сител
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата