Вучиќ: Верувам дека наскоро ќе започнеме со изградба на музејот на Новак Ѓоковиќ
– Верувам дека наскоро ќе тргнеме со градба на музејот на Новак Ѓоковиќ, кој би бил атракција за Белград. Денеска имавме разговори за тоа и веруваме дека тоа можеме да го завршиме пред Експо, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
-Палма (де Мајорка) има музеј посветен на Рафаел Надал. Ќе гледаме да покажеме во согласност со заслугите што направи за нашата земја Новак и истовремено да привлечеме туристи. Новак е поголем од Надал во овој прекрасен спорт. Не знам дали знаете колкава е неговата популарност, не само кај нас, туку да речеме во Кина, кога на кинески функционер ќе му подарите рекет на Новак Ѓоковиќ, тој не смее да го земе, бидејќи тоа би се сметало за преголем и прескап подарок, изјави Вучиќ при обиколка на изградбата на Националниот стадион за Експо.
Како што рече, вредноста на името на Новак и на се останато е толку голема, и тоа е уште една од работите што ќе ги направиме.
-Верувам дека тоа можеме да го завршиме многу пред Експо и да им го понудиме како содржина на туристите. Со ова Белград станува главен центар, метропола на целиот регион, не само на поранешна Југославија, туку и значително пошироко од тоа, бидејќи треба да имате таков град, за да може да привлечете луѓе и верувам дека сме на вистинскиот пат, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница