Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека разговорите со професорите и претставниците на универзитетите треба да започнат што е можно поскоро.
„Она што е важно никој да не ја избегнува одговорноста, добро да разберат дека разговорот лекува и дека до решение може да се дојде само со разговор“, рече Вучиќ во видео-обраќањето на Инстаграм по протестот на студентите и граѓаните и блокирањето на мостовите во Нови Сад.
Зборувајќи за изборот на новата Влада на Србија по оставката на премиерот Милош Вучевиќ, Вучиќ рече дека тоа мора да биде „српска влада“ или да се одржат нови избори.
„Не ни требаат влади наметнати однадвор и влади наметнати без избори и без волја на народот“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека „непоколебливо ќе ја штити Србија од оние кои сакаат нејзино уништување“, без да прецизира за кого станува збор.
Вучиќ им се заблагодари на сите граѓани „кои учествуваа на протестите“ во Нови Сад, како и на „огромниот број граѓани“ кои не се согласуваат со содржината на тие протести, а кои мирно чекаа да завршат демонстрациите.
Тој им се заблагодари и на сите граѓани кои, како што рече, упатуваат зборови на поддршка до државата Србија, „загрижени за состојбата во земјата со желба многу работи во иднина да се променат на подобро“.
„Ова го кажав затоа што ќе бидам непоколеблив критичар на сите оние кои мислат дека атмосферата на саемот и атмосферата на Егзит се вистинскиот начин да им се оддаде почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад“, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет