Вучиќ: Oдлука за поканата на Путин ќе ја донесам на 10 или 15 октомври
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека поканата на рускиот претседател Владимир Путин да дојде на состанокот на БРИКС е важна покана, но дека одлуките ќе ги донесе на 10 или 15 октомври, додавајќи дека „не сакал ништо да одбие или прифати“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Нема сомнеж дека тоа е важен повик, исто како што претходно имаме закажано важни посети, рече Вучиќ и додаде дека не може да каже за која посета станува збор, но дека сите ќе видат дека е важна.
Тој додаде дека е горд на суштински независната политика на Србија.
-Србија е на европскиот пат, но има своја политика и нема да се откаже од своите традиционални пријатели, вклучувајќи ги Кина и Русија, ќе се погрижиме овие пријателства да се зачуваат како залог за поинаква иднина. Србија покажа и докажа дека може да биде искрен и лојален пријател кога тоа не е воопшто лесно, додаде Вучиќ.
Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ не ја одбил поканата на рускиот претседател Владимир Путин да учествува на состанокот на БРИКС и дека за тоа двајцата ќе разговараат во однапред договорен телефонски разговор.
Самитот на земјите на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка) ќе се одржи од 22 до 24 октомври во рускиот град Казан.
Путин на 4 септември го покани Вучиќ да учествува на Самитот на БРИКС на средбата со вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, на маргините на Источниот економски форум (ЕЕФ) во Владивосток.
Во првиот јавен одговор на таа покана, Вучиќ на 5 септември изјави дека Србија за време на одржување на самитот на БРИКС ќе има „важни гости од странство“.
Србија е меѓу ретките земји во Европа кои одбиваат да се приклучат на меѓународните санкции против Путин по руската инвазија на Украина.
Ново на Сител
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија
-
Анчелоти: Во моментов не ми се зборува за фудбал
-
Малолетникот осомничен за терористички напад во Босанска Крупа се брани со молчење
-
Директорот на БЈБ на Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка
-
Напад со секира во француски воз: Четворица повредени, двајца во тешка состојба
-
Шведска не дозволи изградба на 13 паркови со ветерници во Балтичко Море поради безбедносни ризици