Вучиќ: Не е вистина дека сме центар за руски дезинформации
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека сака да премолчи и да не одговара на изјавите на специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман при Стејт департментот на САД, Џејмс Рубин, за да не и се наметне дополнителен товар врз грбот на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
- За време на посетата на Подгорица, Рубин рече дека очекува Црна Гора да не се потпира на Белград и на Москва и во неколку наврати зборуваше за Белград како за центар за руски дезинформации. Ова не е ни блиску до вистината, но тоа говори дека некои луѓе во американската администрација се потпираат на времето од деведесеттите кога „ведреа и облачеа“ и го имаат истиот анимозитет кон Србија и нашиот народ, рече Вучиќ во заедничкото обраќање со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Според неговите зборови, Србија ќе се обиде да води политика на пријателство кон Америка и кон сите други.
Но, ние нема, како што некои трескавично брзаат во конфликт со Кинезите, Русите и другите, ние нема да учествуваме во таа врска, не ни паѓа на памет, нагласи Вучиќ.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН