Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа
По денешните немили случувања во српкото Собранието, претседателот Александар Вучиќ на Инстаграм напиша „дека на непристојноста, невоспитанието и ароганцијата во иднина ќе одговориме со уште повеќе работа“, јави дописникот на МИА од Белград.
„Без разлика на тоа што сум загрижен поради дивјачкото однесување на некои пратеници во Народното собрание на Република Србија, секојдневното малтретирање што го вршат низ целата наша држава, сакам да ги смирам граѓаните и да им порачам дека на нивната грубост, невоспитание и ароганција ќе одговориме со уште повеќе работа во иднина.
Тие денеска се обидоа да ги спречат пензионерите да ги добијат зголемените пензии и вработените во јавниот сектор нивните зголемени плати. Нема да им пројде. Србија нема да застане!, напиша срспкиот претседател Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус