Вучиќ: Изборите во Србија ќе се одржат на 19 или 26 април
Парламентарните и локалните избори во Србија ќе се одржат на 19 или на 26 април, изјави претседателот Александар Вучиќ.
Вучиќ, на крајот од гостувањето во утринската програма на ТВ Прва, кажа дека изборите ќе бидат на крајот на април, прецизирајќи дека ќе бидат на 19 или на 26 април.
Со ова, како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ дефинитивно ја отфрли идејата, за која се залагаше еден дел опозицијата и меѓународната заедница, изборите да бидат во првата недела од мај, односно на 3 мај, што е краен законски рок, поради потребата за спроведување на измените на изборните закони договорени во дијалогот што го имаше власта со дел од опозицијата со посредство на Европскиот парламент.
Поголемиот дел од опозицијата, коалицијата на Сојузот за Србија, како и партиите на поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ – Социјалдемократската партија (СДП) и Нова странка (НС) на поранешниот премиер Зоран Живковиќ најавија бојкот на изборите.
Во Србија во тек е и дебатата за намалување на изборниот цензус од пет на три проценти, што е иницијатива на српскиот претседател.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес