Вучиќ: Инсистирав на средбата со Лајчак за формирање на ЗСО
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, јави дописникот на МИА од Белград.
Во соопштението од Службата за соработка на српскиот претседател се наведува дека „Вучиќ посочил дека Србија е секогаш подготвена за дијалог, за почитување на се што е потпишано и договорено и повторил дека Србија се залага за деескалација, мир и стабилност, кои се неопходни за да се обезбеди опстанок на Србите во Косово и Метохија“.
-Претседателот Вучиќ на денешната средба инсистирал на формирање Заедница на српски општини (ЗСО), а се разговарало и за други важни теми во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, се наведува во соопштението.
Претседателот Вучиќ уште еднаш детално го информираше специјалниот претставник на ЕУ за тежината на ситуацијата со која се соочуваат Србите, и северно и јужно од Ибар, изразувајќи надеж дека ќе се постигнат резултати во понатамошниот процес на дијалогот.
Директорот на Канцеларијата за КиМ, Петар Петковиќ, на прес-конференцијата по средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак, на која присуствуваше и тој кажа дека „ја прифативме поканата на господинот Лајчак за два дена да се сретнеме во Брисел, каде ќе продолжат разговорите меѓу Белград и Приштина.
Нашата страна е многу подготвена и оди со специјален тим од експерти каде што ќе разговараме за текстот на статутот на ЗСО што е прв конкретен чекор кон формирање на Заедницата на српски општини“.
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп
-
Панел дискусија: Корупцијата во Македонија го попречува патот кон ЕУ