Вучевиќ: Викендов ќе се одржи првиот состанок за движењето за народот и државата
Српскиот премиер во технички мандат, Милош Вучевиќ денеска најави дека првиот состанок за движењето за народот и државата ќе се одржи викендов и додаде дека прашање на договор е дали големиот митинг ќе се одржи на 28 март или во април, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучевиќ рече дека на средбата за движењето треба да се разговара за сите активности до Видовден (28 Јуни) и официјалното формирање на движењето.
„На тој состанок очекувам да има луѓе кои не се во политичките партии, претставници на сите народи и нации во земјата. Тоа е движење за силна, независна и суверена држава“, изјави Вучевиќ за Њузмакс Балканс
Тој додаде дека верува оти движењето ќе биде успешно и ќе претставува силен повик и заедница за луѓе кои се слободарски по дух.
И претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека е важно да се формира ново движење за народот и државата, најавено од претседателот Александар Вучиќ и нагласи дека во овој момент ова движење е потреба за општеството и надеж за иднината на Србија.
Брнабиќ рече дека движењето ќе биде натпартиско и дека СНС ќе го поддржи и очекува во него да бидат вклучени луѓе кои, како што вели, имаат доволно интегритет и државнички способности да кажат што не е добро, а што може подобро.
Претседателот Александар Вучиќ во вторникот најави дека формирањето на новото движење за народот и државата ќе започне в сабота, кога ќе се одржи првиот состанок со мал иницијативен одбор, со што неговото формирање конечно ќе биде завршено до 28 јуни.
„Нашата работа е да ја кажеме вистината и да им се спротивставиме со вистината и со мирни средства. И тоа ќе го направиме. Ќе почнеме од сабота, ќе го одржиме првиот состанок на мал иницијативен одбор за движењето. Дваесетина ќе го сочинуваат основачкиот комитет на движењето, а потоа тргнуваме со народот да градиме движење за народот и државата, да му избереме име и конечно да го формираме на 28 јуни, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
Од утре поинтензивни врнежи, грмежи и засилен ветер
-
Зеленски оди во Париз на разговори со Макрон пред самитот за Украина
-
Четворица лихвари од Охрид изнудиле вкупно 17.990.000 денари
-
Приведен крадец во битолско, одзел нафта и масло од фирмата каде што работел
-
Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција
-
Првиот пациент вратен од лекување: Моите деца се уште имаат татко благодарение на докторите
-
Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
-
Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците